Што може Македонија да стори со отстранувањето и третманот на отпадот

Премногу активни и потенцијално заканувачки и најчесто диви депонии а без никаква иницијатива за решение. Депонијата Русино, Вардариште или последниот случај со дивата депонија во Карпош се само неколку од бројните еколошки катастрофи низ државата.

Според некои претпоставки низ државата ги има околу 200 такви диви депонии. Заради негрижа, не знаење и немање свесност, целиот отпад што секојдневно се продуцира, како најлесно решение се фрла онака како што е без никаква обработка, и премногу често овој отпад се гори. Тоа е уште поголем проблем од постоењето депонии во секој град и село, во секое и најмало населено место. Со неконтролираното палењето на депониите, еколошкиот проблем преоѓа во многу сериозен здравствен проблем. При ваквото горење на отпадот, на отворен простор, без никаква контрола, се ослободуваат високо токсични органски соединенија што го загадуваат воздухот. Оваа емисија на штетни состојки секојдневно ја вдишуваме.

Дури и ако не се запали и не гори, отпадот така фрлен на почвата и наталожен, создава исцедок што се слева во површинските и подземните води и ги загадува а со тоа и земјоделските култури со што повторно се нанесува штета врз здравјето на луѓето. Алармот за преземање итни мерки е одамна веќе вклучен, но што е тоа што може и треба да се направи за правилно справување со отпадот. Создавањето на регионални центри за менаџирање со отпадот со единица за рециклирање е дел од националната стратегија, но тоа се одвива премногу споро а штетата е преголема. За целосна оперативност на овие центри, ќе бидат потребни и до 4-5 години. Имаме ли време да чекаме толку и да се изложуваме на сериозни здравствени закани. Правилното менаџирање со отпадот на национално ниво станува актуелно прашање за земјата и во однос на ЕУ интеграциите. Намалувањето на емисијата на штетни гасови, рециклирање и преработување на отпадот и уште многу друго се дел од Поглавјето 27, дел од претпристапните преговори со ЕУ. А што Македонија, сега во моментов може да направи за управувањето со отпадот што е согласно Поглавјето 27 разговаравме со Јадранка Иванова, еден од најголемите експерти во Република Македонија во оваа област:

Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатиот период со помош на ЕУ – ИПА фондовите ги изработи сите потребни плански и проектни документи за воспоставување на регионален интегриран систем за управување со отпадот за 6 региона во Република Северна Македонија. Затоа министерството треба да продолжи и поинтензивно да работи на реализирање на овие документи. Имено, за Источниот и Североисточниот регион, повторно преку ИПА фондовите, веќе се започнати постапките за создавање на потребната инфраструктура за управување со отпад, како и обезбедување поддршка на јавните претпријатија и општините во овие два региона. За 4 региони (Вардарскиот, Пелагонискиот, Скопскиот и Југозападниот) треба веднаш да се започне со реализација на изработените документи, каде фондовите од ИПА III се идеална можност за финансирање. Постигнувањето на целите за селектирање, собирање и рециклирање на отпадот, што се бараат со ЕУ законодавството, може да се направи исклучиво преку регионално управување со отпадот. Општините ја имаат примарната обврска за постапување со отпадот и тие немаат друга опција освен да соработуваат и на тој начин заеднички да ги постигнат бараните цели и ги заштитат од негативни влијанија, како граѓаните, така и животната средина во нивните подрачја. Министерството треба да има јасна и конзистентна политика во спроведувањето на законите за управувањето отпад, на изработените проекти и да обезбеди поддршка на општините. Сите треба да се стремиме кон создавање на помалку отпад, но ние во моментот немаме основна инфраструктура за безбедно одлагање на отпадот. Дрисла е единствена депонија која исполнува одредени стандарди. Не можеме да ги избегнеме регионалните депонии. Во изработените документи се предлагаат локации кои обезбедуваат најбезбедно депонирање на отпадот со најмали трошоци за граѓаните. Европското законодавство и циркуларната економија забрзано бараат се поголемо искористување на отпадот и негово минимално депонирање. Со што и самите депонии постепени ќе бидат се помалку користени и потребни, но како основна инфраструктура за управување со отпадот треба да ги имаме. Со започнувањето на преговорите со ЕУ за поглавјето 27 – животна средина и климатски промени ќе можеме да преговараме само за рокот во кој ќе треба да ги постигнеме целите во управувањето со отпадот поставени со правото на ЕУ, но не и процентот односно количината на целите кои ќе треба да ги постигнеме, ниту пак начинот на депонирање. Затоа е неопходно итно делување. Состојбата за управување се отпадот не може да биде полоша од она што е сега, што е резултат на сегашниот начин на управување со отпадот. – Јадранка Иванова, експерт за апроксимација во животната средина

Сепак потребно е итно и институционално решение. Едно од решенијата, а можеби и единствено во моментов со цел веднаш да се запре негативното влијание на отпадот врз воздухот и животната средина, е отпадот да се третира со балирање. Овој метод, којшто е веднаш применливо и еколошко решение, подразбира компресирање на отпадот и лепење во пластичен филм со што веднаш се запира влијанието од отпадот (мирис, ризик од пожар, исцедување, загадување на водата и почвата). Искуство, експертско знаење и опрема во Македонија за воспоставување на овој систем има компанијата ПП Индустрис.

“Балирањето на отпадот има неколку предности што го прави најсоодветно решение. Овој систем на балирање е широко користен во Европа со примена во Франција, Норвешка, Италија и Шпанија. Пред се, ова е брзо и флексибилно решение: За инсталирање на единица за балирање потребни се 15 дена. Потоа, ова е флексибилна единица, односно може да работи по потреба. Капацитетот е 35 t / h (140 000 тони годишно). На пример, со 1 единица за балирање, можете да го обработите отпадот од 300 000 жители. Кога отпадот се балира, се компресира и се затвора во пластична фолија и се намотува во ролни. Волуменот се намалува до 3-4 пати (помалку простор потребен за складирање и / или транспорт). Скоро и да нема воздух, со што се намалуваат органските реакции во отпадот. Отпадот е затворен во пластичната фолија при што нема мирис, ризик од горење, животните не можат да го јадат отпадот, нема исцедување на отпадот со атмосферската вода и слично. Може да се инсталира едноставна единица за избор на пластика пред единицата за балирање, со што се овозможува обновување и рециклирање на пластиката, а со тоа да генерира дополнителни ресурси и да развие можности за вработување. Ние во ПП Индустрис сме убедени дека овој систем може да биде добро и непосредно решение сè додека не се имплементираат регионалните центри за отпад”, велат од ПП Индустрис. ПП Индустрис е инженерска компанија со големо искуство во управување со отпад на контролирани депонии, рециклирање, обновлива и алтернативна енергија, мониторинг и усогласеност со еколошки чиста животна средина. Компанијата применува методологии коишто се насочени кон заштита на почвата, водите и воздухот, а успешноста на истите е потврдена од западните и нордиските европски земји каде подолго време се користат. Постои начин да се реши проблемот со дивите депонии и горењето отпад, постои и безбеден метод, прифатлив според еко стандардите, потребна е само волја.

Оригиналниот напис е објавен на:
https://opserver.mk/makedonija/shto-mozhe-makedonija-da-stori-so-otstranuvanjeto-i-tretmanot-na-otpadot/

Сподели ја објавата:

Share on facebook
Share on linkedin
Share on twitter
Share on pinterest
Share on email

Остани поврзан

Повеќе новости

Eco Consults

Even after two decades, very little has changed in practice regarding waste management. Then, as now, we have only one landfill – Drisla, which meets certain standards.

mk_MKМакедонски јазик