Know The Industry​

20 годишно искуство во Министерството за животна средина и просторно планирање

После речиси 20 годишно работење во Министерството за животна средина и просторно планирање (од ноември 1998 год) каде што бев одговорна, меѓу другото, за пишување на закони усогласени со оние на ЕУ во областа на животната средина и климатските промени, раководење со процесот на Европските интеграции за Поглавјето 27 и планирање и управување на ЕУ ИПА фондовите, во јули 2018 година се одлучив дека е време да ја променам мојата кариера.

Поддршка за администрациите на другите аспиранти во ЕУ за постигнување на потребните барања

Сметав дека треба да го применам моето знаење и искуство надвор од администрацијата во Република Северна Македонија со цел да ги поддржам администрациите на другите аспиранти за членство во ЕУ во постигнувањето на барањата што произлегуваат од пристапувањето во ЕУ и од преговорите за Поглавје 27, приватниот сектор во исполнување на бројните законски обврски од областа на животната средина и подобрување на еколошките перформанси на правни и физички лица.

Career Change​

Имав внатрешен повик да придонесам во остварување на она во што длабоко верувам: пристапување во ЕУ и исполнување на барањата ЕУ законодавството од поглавјето 27 и без оглед дали некој припаѓа на приватниот сектор, организација или индивидуа секој може да делува локално и со тоа даде свој придонес во глобалните напори за заштита на животната средина и спречување на климатските промени.

Нов почеток

Токму од овие причини ја отворив компанијата МП еко консултант како дел од групацијата Мацедониан Продуктс.

Повеќе за моето искуство погледнете во биографијата.

mk_MKМакедонски јазик